Штрајк на грчките царински работници – сообраќајот на граничните премини ќе биде во застој

Од:

Денеска од страна на грчките гранични полициски служби добиено е известување дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

Имено, според известувањето, на Граничниот премин Меџитлија утре (30.05.) од 00,00 часот до 24,00 часот, на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси. Истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 05,00 часот а ќе трае до задутре (31.05) до 05,00 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи. И за Граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 07,00 часот утре до 07,00 часот наредниот ден.

Инаку, МВР ја информира јавноста дека по однос на неколкунеделниот прекин на сообраќајот на магистралниот пат Скопје -Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник, поради градежни зафати, од денеска оваа делница е пуштена за сообраќај.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони