Што соопшти ВМРО-ДПМНЕ пред 4 дена за предлогот на Нимиц 2005-та

Од:

Денес сме сведоци на сериозен скандал на СДСМ, имено признание дека во 2005-та година го прифатиле предлогот на Нимиц за промена на името, во кој што предлог на местото на нација стои празно место, на местото на јазикот стои македонски на латинична транскрипција наместо macedonian во англиска верзија.

Бараме јавно објаснување од Бранко Црвенковски лично, да објасни зошто вакво нешто прифатил и дали Македонија добила нешто со тоа што тој прифатил вакво катастрофално решение кое што е директно во спротивност со Македонскиот идентитет и македонските интереси.

Со кое право тој прифатил вакво решение?

Пред самитот во Букурешт потсетуваме како што е познато на целата македонска јавност државниот врв разговараше за можноста Република Македонија (Скопје) да се стави на референдум затоа што само граѓаните на оваа држава, а не поединци, политичари имаат право да одлучат за ова прашање.

Со кое право Црвенковски во 2005-та година донел одлука за прифаќање на предлог без да ги консултира граѓаните е должен само тој лично да каже и одговори, напишаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните