Денешниот од серијата настани во организација на Плоштад Слобода насловени како „2014 прошетки (низ Центар)” ќе се одржи пред спомениците на Филип и Олимпија лоцирани помеѓу црквата Св. Димитриј и Камениот мост кои вкупно чинат 7 милиони евра.
На прашањето „Што би направил/а со 7 милиони евра” своите одговори ќе ги дадат истакнати уметници, младински активисти и популарни лица од социјалните медиуми.
Групата ќе се собере во 18 часот на платото пред Стоковна куќа „Мост“.