Штипското здружение на слепи лица ќе организира средба во Лесново

Од:

Здруженијата на слепи лица од Штип организираат меѓународна средба по повод Светскиот ден на белиот стап во туристичко-манастирскиот комплекс Лесново. Претседателот на Здружението на слепи лица-Штип, Драги Витанов вели дека на средбата ќе присуствуваат членовите на здруженија од Петрич, Бугарија и Врање, Србија.

– Идејата ни е на 15 октомври да организираме шаховски пријателски натпревар, кој што се надеваме дека од година во година ќе прерасне и во традиционален. Се очекува од 40 до 50 членови од трите здруженија да бидат гости на тој натревар и средба, вели Витанов.

Смета дека ова е и шанса трите здруженија да соработуваат, но и да аплицираат за проект од фондовите на Европската унија, со кои ќе им се подобрат условите за живот и работа на здруженијата.

-Тоа ни е приоритет на оваа наша средба. Значи покрај натреварувачкиот карактер ќе имаме и договорни средби и за задничко учество и да аплицираме до некои фондации, рече Витанов.

Во Здружението на слепи лица –Штип, а кое ги покрива и општините Пробиштип, Карбинци, Конче и Радовиш членуваат вкупно сто членови, од кои 50 се потполно слепи, а останатите се со оштетен вид.

Витанов забележува дека слепите лица низ градовите имаат бариери на улиците и тротоарите, но како што вели во Штип за среќе веќе ги нема семафорите, бидејќи крстосниците добија кружни текови.

-Инаку имаме проблем со паркирањето на возилата на тротоарите. Тоа постојано го потенцирам, конкретно еве кај училиштето „Димитар Влахов“ во населбата Сењак имаме широк тротоар, но таму за жал има постојано парикрани возила, со што слепите лица, но и малите деца и учениците имаат проблеми при движењето по тротарите, рече Витанов.

Се надева дека локалните власти ќе најдат позитивно решение за овој проблем, а изразува задоволство и благодарност до штипскиот градоначалник кој инфрастурните проекти ги реализира согласно потребите на слепите лица. Витанов појаснува дека на тротоарите има премини, каде што лицата со инвалидски колички и слепите лица можат безбедно да се качуваат на нив, а, исто така и нема хаос во поставувањето на сообраќајните знаци, кои се поставуваат надвор од тротоарната површина.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети