Штипското Здружение на пензионери ги посетија децата од здружението „Порака“

Од:

По повод Велигденските празници членовите на Здружението на пензионери на општините Штип и Карбинци денеска ги посетија децата со посебни потреби од Здружението „Порака“.

Претседателот на Здружение Александар Захариев вели дека пензионерите денеска заедно со децата имаle креативна работилница, а исто така им подeлија и подароци по повод Велигденските празници.

-Ние овде бевме за Нова година, Стара Новина година сега повторно сме со нашиве пријатели, а и донесовме скромни подароци за Велиденските празници, вели Захариев.

Лилјана Крстева од Здружението „Порака“ вели дека им значат ваквите средби и дружење со децата со посебни потреби.

-Продолжува соработката со пензионерите, почнавме од Нова година и се почесто се среќаваме. Нашите членови и пензионерите имаат еден вид на работилница, согласно празникот, истакна Крстева.

Пензионерите на средбата добиле подароци од децата кои биле изработени од нивните раце.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара