Штипското училиште „Ванчо Прќе“ доби донација од Универзитетот „Гоце Делчев“

Од:

Штипското општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ доби 35 компјутери, како донација од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Директорот на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Методи Папаров на денешната прес-конференција истакна дека компјутерите се веќе поставени во кабинетите за одделенска настава.

– Голема благодарност до штипскиот универзитет и до проректорот ан УГД-Штип, Дејан Мираковски без кој не можевме да обезбедиме 35 компјутери, еден принтер и еден фотокопер. Се надевам дека и понатму соработката меѓу двете институции ќе продолжи. Станува збор за воведување на ИТ во наставата, вели Папаров.

Донираните компјутери ќе ги користат наставниците, за да ги подготвуваат своите часови, но и да ги средуваат и административните обврски.

Додаде дека на почетокот на учебната година, од страна на Министерството за образование и наука добиле и три паметни табли, со што во училиштето сега имаат седум интерактивни табли за подобра настава за учениците.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му