Штипското училиште „Искра“ доби донација од 8.000 евра

Од:

Швајцарската Фондација „Здрави и среќни деца“ денеска донираше кујнска опрема за учениците со посебни потреби во државното средно училиште (ДСУ) „Искра“ во Штип. Директорот на ДСУ Марјан Арсовски вели дека станува збор за донација вредна околу 8.000 евра.

– Како што споменав оваа донација е во вредност од 8.000 евра и станува збор пред се за инвентар, апарати и машини за кујнска опрема, а тоа се за во кујната и трепезаријата во ДСУ „Искра“ од Штип, вели Арсовски.

Советникот за информирање во Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Кристина Костова вели дека станува збор за вредна донација од швајцарската фондација, а во тек се и разговори и за нова донација за истото училиште. Станува збор за реконструкција на кровот на училиштето.

– Таа би требало да изнесува некаде околу 55.000 евра, за тоа се разговара и со Министерството за образование, како што сме информирани и тоа би било навистина суштински важна донација, заради тоа што ќе се однесува за реконструкција на кровот, вели Костова.

При денешното врачување на донацијата присуствуваа и претставници од фондација „Здрави и среќни деца“, меѓу кои и Томас Локфол.

– Ова е прв наш проект со директорот на училиштето, а целта ни е да помогнеме на учениците и се надевам дека со опремата ќе се служат во наредните неколку години, вели Локфол.

Инаку во ДСУ „Искра“ се едуцираат, но и во интернатскиот дел се сместени ученици со посебни потреби од повеќе градови во земјава, а кои добиваат соодветно образование согласно наставните програми.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“