Штипските училишта бараат формирање паралелки со помал број ученици

Од:

Петте основни училишта, но и три средни училишта во Штип од страна на Советот на Општина Штип бараат да формираат паралелки со помал број ученици. Претседателката на Комсијата за образование при Советот на Општина Штип, Слободанка Момчилова на денешната седница вели дека само средното медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип нема доставено барање за формирање паралелки со помал број ученици во прва година.

– Неопходно е Советот да донесе одлука да се формираат паралелки со намален број ученици, а најмногу се однесува на руралните, односно подрачните училишта, каде што во секоја генерација има по две, три, а некаде и нема и деца, вели Момчилова.

Во штипските основни училишта досега се запишани 397 првачиња во вкупно петте основни училишта, слободни места за уписи има и во средните училишта.

– Досегашните истражувања покажуваат дека е намален бројот на деца во општината. Покрај тоа што е намален бројот на раѓање на деца, многу е и голем бројот на деца што се иселуваат од општината, така што не можеме ниту да предвидеме, а и да се претпоставува колку деца ќе тргнат во прво одделение, според тоа колку се родиле пред пет години. Но, голем дел од тие деца веќе не се во општината, веќе се иселени и затоа доаѓа до осипување и намалување на бројот на ученици, вели Момчилова.

Сепак основните училишта очекуваат мало зголемување на бројот на запишани првооделенци во текот на септември, бидејќи има родители кои се на сезонска работа, а запишувањето го прават кога си доаѓаат во Штип.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип