А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипските таксисти бараат повисоки цени за такси услугите

by А1он15/09/2018 - 16:26188
Share0

Штипските таксисти бараат зголемување на цената на такси услугите за цели 60 проценти. Оваа одлука е донесена на последниот состанок на Здружението на авто-такси превозници.

Добивај вести на вибер

Претседателот на здружението на авто-такси превозници, Глигор Арсов вели дека имаат предлог за три тарифи.

– Предложено е 80 денари стартот до два километри, а 25 денари е секој нареден километар, оваа е дневната градска тарифа. Додека ноќната треба да биде 100 денари, бидејќи работиме со помал капацитет. Значи со околу 30 проценти од возилата, вели Арсов.

Штипските такси превозници се уште ја немаат формирано меѓуградската тарифа, а во која, како што вели Арсов, треба да се вклучат и трошоците за патарини и платениот паркинг низ Скопје или на аеродромот во Скопје.

– Ова е резултат на неколкугодишно покачување на цените на основните средства за работа, како што се нафтените деривати, плата, придонеси, резервни делови и се друго, рече Арсов.

Во моментов стартната цена на такси услугите во Штип е 50 денари. Овој предлог ќе го достават до Одделението за комунални дејности во Општина Штип, но и до Советот на Општина Штип, кои треба да се произнесат за нивниот предлог.

stip

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:47

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто