Штипските студенти и администрацијата учеа како да пријават корупција

Од:

Барањето на професорите да им се купи учебникот, плаќањето испит под рака или барањето сексуални услуги за полагање испит, се потешките видови корупција што ги посочиле студентите во истражувањето на професорот Миша Докмановиќ од Универзтитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Докмановиќ денеска ги обучуваше студентите и администрацијата на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ како да ја сузбијат корупцијата во високообразовните институции. Рече дека и по две години од донесувањето на Законот за свиркачи, нема ниту еден случај на корупција пријавен во Државната комисија. Причината за тоа, оцени професорот, е недоволната информираност на граѓаните за Законот.

– Законот за укажување или популарно наречен за свиркачи на универзитетите им наложува да назначат лице на кое студентите и вработените ќе можат да укажат на корупција во нивните редови. Законот овозможува свиркачите да бидат заштитени во институцијата, да извршат заштитено внатрешно пријавување кај овластено лице во институцијата која не мора да биде само Универзитет, туку и орган на локална управа, министерство, полиција,.., истакна Докмановиќ.

Вакви обуки на вработените во високообразовните институции треба да се реализираат и во Битола, Тетово и Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко