Штипските пожарникари ќе отворат поставка со стара опрема и фотографии

Од:

Со едукација и посета на противпожарната единица од страна на децата од градинките и училиштата во општините Штип и Карбинци почнува одбележувањето на Денот на пожарникарите.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов на денешната прес-конференција истакна дека учениците и децата од градинките ќе видат и дел од опремата со која пожарникарите ги гаснат огнените стихии. Во рамките на противпожарната единица ќе се отвори и соба, во која ќе биде презентиран опремата на пожарникарите.

– Преку оваа поставка ќе настојуваме да ја покажеме историјата на пожарникарството во Штип. Нашите сограѓани знаат дека е оформена 1923 година, од кога имаме и соодветни оригинални слики, токму од тој период, а на кои се и основачите на територијалната противпожарна единица. Во магацините на единицата најдовме и некои од постарите одела, пумпи, кои ќе ги покажеме на дечињата, вели Атанасов.

Во моментов ТППЕ-Штип располага со пет противпожарни возила и едно теренско возило.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му