Штипските основни училишта се подготвуваат за почетокот на новата учебна година

Од:

Штипските основни училишта се подготвуваат за почетокот на новата учебна 2018-2019 година. Во Општинското Основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“-Штип во тек се градежни зафати, односно се реконструира подот и училниците.

– Нееколошкиот линолеум го заменуваме со гранитни плочки и веќе сме при крај со поставувањето на плочките по ходниците. Воведуваме еден новитет и со кабинетска настава по предметите. Значи секој наставник ќе си има сопствен кабинет. Сите училници ги обеливме со иницијатива на сите вработени и сакаме да стартуваме со едно ново руво, каде што децата ќе се чувствуваат попријатно. Вели Миле Младеновиќ директор на ООУ „Димитар Влахов“.

Директорот на ООУ „Гоце Делчев“-Штип, Трајче Димов вели дека се е подготвено за стартот на новата учебна година, а добиени се и проекти за наставни помагала од страна Амбасадата на Република Германија и од Мировниот корпус.

– Морам да се пофалам дека за проектот за дигитализација на училиштето преку ИПА фондовите веќе ги поминавме двете фази, останува уште третата фаза, а на повидок е и уште еден огромен проект, што може да влезе во ова училиште, вели Димов.

Во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип интензивно се работи на уредување на училниците и ходниците.

– Од Министерството за образование добивме три смарт табли, сместени се во кабинетите по македонски и математика и едната е во кабинетите по одделенска настава. Моментално немаме никакви проблеми и очекуваме се да биде во најдобар ред до петок 31 Август, кога ги очекуваме првачињата, вели Методи Парпаров, директор на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип.

Во училиштата „Тошо Арсов“ и „Славејко Арсов“ се подготвуваат училниците и наставничките канцеларии.

Во штипските основни училишта бројот на ученици е околу 4.000.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип