Штипските ловџии се подготвуваат за отварање на ловната сезона

Од:

Штипските ловџии се подготвуваат за старот на сезоната за отсрел на крупен дивеч. Сезоната ќе ја почнат со хајка за диви свињи поради реакцијата на земјоделците од лакавичкиот регион за направените штети.

Николче Малинов од Ловното здружение „Ловец“ – Штип вели дека веќе имаат и најава дека во оваа хајка ќе се вклучат околу стотина ловџии поделени во 10 групи, а ќе се лови на терените на Плачковица и кај селото Драгоево.

– Сезоната за лов на крупен дивеч, зајак и еребица ќе се отвори на 7 октомври. Ловот ќе биде како хајка само на дива свиња. Дозволите ќе можат да се вадат на лице место во село Драгоево и во Ловниот дом во Вртешка на планината Плачковица, вели Малинов.

Тој информира дека до наредната година ќе биде и целосно изграден ловниот дом во селото Судиќ, а за кого голем интерес има и од страна на странските ловци, кои на овие терени доаѓаат да ловат прелетен дивеч.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“