Штипските хирурзи добија нов апарат – лапараскопски тренажер

Од:

Клиничката болница-Штип со над 50 проценти извршени оперативни зафати со лапараскопска метода се вбројува меѓу здравствените установи во државата во кои можат да се пружат соодветни здравствена заштита на своите пациенти, соопшти на денешното промовирање на новиот апарат началникот на Одделението за хирургија, Ѓорѓи Денков.

-Со лапароскопската метода оперираме аномалии на дебелото црево, таканаречените Илеуси, слепо црево, Хернии, жолчка, како и други оперативни зафати кои влегуваат во доменот на Урологијата и Гинекологија, вели Денков.

Оперативните зафати за да имаат поголем квалитет деновиве со штипските хирурзи оперира и хирургот од Висконсин, САД, Кен Брудер. Тој на хируршкото одделение  подари лапараскопски тренажер, апарат, со кој хирурзите почетници во практицирањето на оваа метода, ке можаат, непречено, надвор од оперативната сала, да ги совладуваат најразличните вештини и техники.

– Моето 20 годишно искуство во вршење на оперативни зафати со лапараскопска метода, несебично им го пренесувам на моите колеги од штипската болница. Морам да признаам дека штипските хирурзи покажаа висок степен на вештина и брзо учење на новите техники и методи во овој вид на операции на абдоменот, вели Брудер.

Хирурзите од штипската Клиничка болница годишно изведуваат над 800 операции. За лапараскопскиот метод нивна единствена оценка е дека е најпрактична оперативна метода, што штеди време но, дава висок квалитет на изведба и 100 процентно успешност на операцијата.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза