Штипските детски градинки ќе работат и во сабота

Од:

Штипските детски градинки од септември ќе работат и во сабота. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека градинките ги прават последните подготовки за старт на пилот проектот, со кој ќе се овозможи нивна работа и во сабота.

– Финализирани се работите околу кадарот кој за време на викендите ќе се грижи за децата од предшколска возраст. Ќе бидат ангажирани 34 вработени, а општината проектот ќе го помогне со 40.000 денари, вели Ристов.

Септември и октомври ќе бидат месеци кога Општина Штип ќе направи детални анализи кои треба да покажат дали проектот ќе биде финансиски исплатлив.

Пред самиот старт на овој пилот проект имаше неколку анкети помеѓу родителите.
Анкетирани се 250 родители, од кои 124 од градинката Вера Циривири- Трена и 125 од градинката Астибо се изјаснија дека сакаат нивните деца да се згрижени и во сабота. Овие родителите дополнително ќе плакаат по 500 денари.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена