Штипскиот универзитет второрангиран меѓу државните универзитети во Македонија

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип повторно е второрангиран државен универзитет во Македонија. Академското рангирање на универзитетите во Република Македонија е објавено синоќа од Центарот за светски универзитети при Шангајскиот универзитет Џао Тонг.

Ректорот на УГД-Штип Блажо Боев изјави дека и покрај тоа што универзитетот постои само 10 години, ова докажува дека е респектибилна високообразовна институција.

– Се наоѓаме на второ место во Република Македонија, веднаш по државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, што е и нормално да биде така, бидејќи тоа е универзитет кој постои 70 години. Меѓутоа, сепак за еден десетгодишен период, една млада установа да се справи со сите свои породилни болки и маки и да е силно позициониран на второто место меѓу универзитетите во Република Македонија, мислам дека е нешто што треба да се респектира, рече Боев.

Тој истакна дека Штипскиот универзиртет во изминатите десет години со својот наставен кадар и студенти се развива, но и придонесува во истражувањата, соработката со стопанството, меѓународната заедница и универзитетите во светот.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена