Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ го доби првиот академик

Од:

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) – Штип, Блажо Боев е избран за дописен член на Македонската Академија на науките и уметноста (МАНУ), со што овој универзитет го доби и првиот академик меѓу наставниот кадар.

– Тоа е една високо образовна установа, во која се развиваат науките и уметностите на еден исклучителен степен на развој. Мислам дека и за самиот Универзитет претставува особена потврда на неговата работа заради тоа што една највисоко научна установа. Мислам дека е исклучително важно да имаме член во МАНУ, бидејќи со тоа го потврдуваме и нашето присуство на високо образовнииот и научен простор во Република Македонија, вели Боев.

Тојод младиот наставно-научен кадар очекува да аплицира за членство во ваквите институции, бидејќи, како што вели, имаат солиден потенцијал.

Академик, Боев, кој воедно е и ректор на УГД-Штип својата кариера ја започнува пред три децении на Рудраско-геолошкиот факултет во Штип при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Познат е по низата научни истражувања како во земјава, така и во странство, а на македонската јавност и на медиумите и е познат како еден од најголемите истражувачи и познавачи на рудникот „Алшар“, односно тој учествува во мулти проектот Lorex, чија главна цел е откривање соларни неутрони со помош на изотопот на оловото – 205 во минералот лорандит од лежиштето Алшар.

Во овој проект учествуваат научните гиганти, како што се институтите Аргон во САД, ГСИ-Дармштат во Германија и Рикен од Јапонија. Боев учествува и во научните истражувања во областа на геохемијата на животната средина, а е и еден од основачите и на научно-истражувачкиот центар при УГД-Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“