Штипскиот суд го објави соопштението за случајот со бегалецот Игор Спасов

Од:

Штипскиот Основен суд попладнево се огласи преку соопштение за случајот со бегалецот Игор Спасов, кој од вчера се бара со меѓународна потерница за доиздржување на казната затвор. Спасов во 2011 година беше осуден за убиството на момчето Мартин Нешковски по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. Во соопштението се наведуваат постапките, кои судот официјално ги почнал на 24 октомври.

-Основен суд Штип ја информира јавноста дека на ден 24.10.2019 година по редовен пат, по пошта, е примено писмено известување од КПД Идризово датирано од 21.10.2019 година, со кое се известува судот дека осудениот Игор Спасов не се јавил на доиздржување на казната затвор во таа установа, а на кое нешто бил обврзан согласно решението на ОС Штип ПК-6/19 од 31.07.2019 година. Од страна на судот, по приемот на известувањето, истото е обработено и е постапено веднаш, во законски предвидениот рок, и на 25.10.2019 година во претпладневните часови до МВР СВР Штип е доставена Наредба за спроведување на осудениот Игор Спасов на доиздржување на казната затвор во КПД Идризово, со назнака „Итно!“. Во ОС Штип од страна на СВР Штип на ден 28.10.2019 година е доставено известување дека осудениот не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница до СВР Штип, која се однесува за распишување на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Се наведува дека вчера СВР Штип го известил судот оти располагаат со потврдени информации дека осудениот Игор Спасов не се наоѓа на територијата на РСМ, па бараат Изјава, согласно чл.564 ст.1 од ЗКП, со која судот изјавува дека во случај на пронаоѓање на лицето ќе побара негова екстрадиција, а ова потребно заради распишување на меѓународна потерница по осудениот. ОС Штип веднаш, истиот ден, до СВР Штип ја достави бараната изјава, по што е распишана и меѓународна потерница по осудениот Игор Спасов.

-Појаснуваме дека одлуките донесени од страна на судот во оваа постапка се донесени по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица, искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде осудениот издржувал казна затвор дека таков вид на лекување и медицински третман не се пружа во таа установа, се вели во соопштението на Основниот суд во Штип.

Во него најостро и најкатегорично се негираат наводите за некаква забрана за давање на изјави од страна на портпаролот на судот.

-Напротив, портпаролот последните неколку дена дава редовни изјави на секое барање од претставници на медиуми, но со цел за точност и прецизност во известувањето кое е од интерес на јавноста, а поради тоа што се утврдија непрецизност и неточности во одредени известувањa, се одлучи да се издаде ова соопштение достапно за целата јавност, се подвлекува во соопштението од Основниот суд во Штип објавено на веб страницатa.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Ана Ололовска

Екстрадицијата на Спасов неизвесна, Бугарија досега одобрувала, но и одбивала да испорача осуденици во Македонија

Кристијан Ландов

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Ана Ололовска

Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава

Ана Ололовска