Штипскиот регион атрактивен за странските ловџии

Од:

Штипските терени за лов на прелетен дивеч се примамливи за ловџии од Италија, Франција и Германија. Тие викендов во атарите на селата Врсаково, Судиќ и Трогерци ќе ловат прелетен дивеч.

Николче Малинов од штипското Ловно здружение „Ловец“ вели дека оваа година е една од подобрите за ловниот туризам.

– Ние како здружение сме задоволни од оваа година. Веќе имавме странци од Италија, претежно за отстрел на грлици. Интересно е што во Македонија оваа година, само во нашиот регион ја има грлицата, така имаме поголемо присуство на странци од вообичаено, рече Малинов.

Според него, интересот на ловџиите засега е задоволителен бидејќи секојдневно се издаваат дозволи за лов, а се ловат грлици, див гулаб и препелица. Ловната сезона за крупен дивеч ќе почне на први октомври со што ќе може да се лови дива свиња, волк и лисица.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена