Штипскиот градоначалник се сретба со претставници на Центарот за управување со кризи

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов денеска имаа средба со претставници на Центарот за управување со кризи за Штип и Карбинци. Бочварски вели дека на средбата е разговарано за ресурсите кои можат да се дадат на располагање на ЦУК и како би се одвивала комуникацијата меѓу двете институции во услови на криза.

– Важно е како ќе тече таа комуникација, како ќе реагираме и соработуваме за да избегнеме поголеми последици од можни елементарни непогоди. Ова е прва средба и мислам дека ги поставивме темелите на идната соработка. Советот на Општина Штип работи на сите документи, како што се стратегии и планови за наша реакција, заедно со буџет за таа намена, но најважна е комуникацијата и координацијата за да имаме побрза реакција, вели Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“