Штипскиот градоначалник на средби со жителите во Железничка и Чардаклија

Од:

Во штипската населба Железничка, каде што се гради новата црква посветена на православниот празник „Свети Иларион“ денеска беше одржана свечена литургија од страна на свештиниците на Брегалничката. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој присуствуваше на чествувањето на овој празник оставри и средба со жителите на населбите Железничка и Чардаклија, со цел да утврди кои се проектите кои ги бараат за наредната година од буџетот за 2017 година.

Тој истакна дека во оваа населба е решен проблемот со улиците, односно асфалтирани се 10 улици, уреден е и влезот на населбата, кој воедно претставува и влез и излез на градот Штип кон Скопје.

– Останува да се реши проблемот со водоводот во горна Железничка, да се доасфалтираат уште 300 метри улици кои граѓаните ми ги посочија и над 200 метри од канализационата мрежа која треба да се среди, рече Захариев.

Жителите на Чардаклија на средбата побараа нивната населба да се приклучи на градската водоводна мрежа. Штипскиот градоначалник најави дека со одлука на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се гради магистрален канал за добивање техничка вода до Чардаклија.

– Тој ќе биде поврзан со каналот кој ќе се прави од Врсаково до Три Чешми. Ни претстои да го завршиме патот до црквата Свети Илија, стои тука и одлуката на Владата за обезбедување на средства за водовод за населбите Чардаклија, Македонка и Балканска, ќе треба да се реши проблемот со гробиштата и да се најде нова локација со оглед на тоа што тие се во центарот на населбата, а тоа не е во ред. Училиштето го поврзавме на канализационата мрежа, има нови санитарни јазли, имаме спортски терен и детско игралиште, рече Захариев.

Со изградбата на новиот ескпресен пат од Штип до Кочани жителите на Чардаклија добија и ветување дека ќе имаат и безбеден влез во селото.

– Го правиме новиот ГУП кој е во завршна фаза. Влезот од правец на Кочани е небезбеден бидејќи се пресекува патот Штип – Кочани. Има две решенија за ова, првото е да се растовари со новиот експресен пат Штип – Кочани и да се направи избегнување на населбата и второ на излезот од Чардаклија, близу сегашниот триаголник да има нова клучка со надвозници и подвозници и со тоа ќе нема ризик по опасност како и при свртување на возилата, лево кон Штип, вели Захариев.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово