Штипскиот градоначалник на средба со претставници од „Рома С.О.С“

Од:

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип Јане Миланов денеска имаа средба со претставници на Националниот демокртаски институт (НДИ) и на ромското здружение „Рома С.О.С“.

На средбатата се разговараше за проекти за подобрување на состојбата на ромската заедница во Штип. Бочварски истакна дека од денеска почнуваат средбите со граѓани во урбаните заедници кои ќе предлагаат проекти, а кои ќе се реализираат во 2018 година. Во кроењето на буџетот на Општина ќе учествуваат сите жители на Штип.

– Овие средби ни олеснуваат бидејќи ни ги кажуваат најголемите потреби и истите да ги нотираме, кои се клучните точки каде треба да правиме проекти. Побарав поддршка од нив, ние како општина ќе одвоиме буџетски средства, но сакаме и тие да помогнат за да дојдеме до поддршка од невладини организации од странство, кои ќе помогнат во реализација на тие проекти, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена