Штипскиот Црвен крст донираше на четири напуштени деца

Од:

Општинската организација на Црвен Крст-Штип заедно со претставници од Центарот за социјални работи денеска обезбедија хуманитрана помош за три деца и едно моче од Кочани, кои откако нивната мајка заминала во странство сега живеат со блиски роднини во Штип. Донирани им се храна, облека, хигиенски средства и кревет.

Нивната тетка Џебаир Салиева вели дека помошта за децата е добредојдена, бидејќи се работи за три малолетни деца кои од неодамна се згрижени во нејзината куќата по разводот и напуштањето од нивните родители.

– Децата беа дадени на друго семејство, но ние си ги вративме дома, со нас да бидат, бидејќи ние сме им вистинското семејство. Едното дете е 16 години, другото е 14 години, а третото е 11 години, рече Салиева.

Старател на децата е Сенад Сејфула, најстариот 25-годишен брат, кој исто така живее со нив. Очекува парична помош од државата, но и неговите браќа да продолжат со училиштето, бидејќи не одат на настава откако си заминале од Кочани.

– Сега за сега немаме парични средства. Ни најавија дека ќе земеме социјална помош за брзо време, вели Сејфула.

Во меѓувреме, Црвениот Крст обезбеди се она што им е потребно за нормален живот.

– Облека, храна, хигиенски производи, кревети, ќебиња, постелнина и се она што можевме да пружиме на социјално загрозеното семејство, рече , Викторија Андонова од ОО на Црвен Крст – Штип.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара