Штипски „Стипион“ работи на нови улици и тротоари

Од:

Штипското јавно претпријатие „Стипион“ работи на поврзување крак од улицата „Сане Ѓеоргиев“. Директорот на ЈП„ Стипион“-Штип Сашко Протогеров на денешната прес-конференција вели дека станува збор за крак кој ќе поврзи неколку куќи со улицата, а вредноста на овој проект е 63.000 денари.

– Во моментов работиме и на изградба на тротоарот кон Клиничка болница-Штип на улицата „Тодор Коларов“. Исто така работиме и на доизградба на малиот плоштад во центарот на градот и на реконструкција на детското игралиште во населбата Леваци, вели Протогеров.

Тој денеска најави дека веќе во тек се и тендерските постапки за целосна реконструкција на улиците „Петта партиска“, „Ѓорче Петров“ во населбата Сењак.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му