Штипски „Стипион“ го обновува возниот парк

Од:

Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ набави нова машина, која ќе се користи за зимско одржување на улиците. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Игне Иванов на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за инвестиција на претпријатието и на Општина Штип, која чини 3.200.000 денари.

– Ова квалитетно возило ќе најде примена во зимската програма, кое ќе помогне во расчистување на снегот, а потребата од ваквото возило е и поголема поради тоа што Штип има околу 120 километри улици, а од друга страна има и околу 150 километри локални патишта, каде што ЈП „Стипион“ ги извршува услугите на овие патишта, рече Иванов.

Тој истакна дека новите возила кои се набавени во текот на минатата и оваа година ќе бидат сместени во објектот во Новакова чешма, кој е добиен од страна на АРМ. Завршен е и тендерот за асфалтирање на пристапниот пат до објектот, а наредните месеци ќе се доопремува овој простор, каде што ќе се преселат механизацијата и вработените во ЈП „Стипион“. Иванов истакна дека за една година набавени се вкупно четири нови возила, меѓу кои и за одржување на уличното осветлување, која е нова дејност на ова претпријатие.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена