Штипски пожарникари добија сертификат за меѓународни инструктори

Од:

Тројца штипски пожарникари ќе бидат дел од меѓународните инструктори на Британското доброволно противпожарно друштво „Флоријан“. Дваесетина пожарникари од Велика Британија, кои денеска се сретнаа со градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев, веќе четврта година по ред вршат обуки на штипските пожарникари.

Командирот на ТППЕ-Штип Кире Патраклиски вели дека по сите поминати обуки и тестови тројца пожарникари ќе добијат сертификат за меѓународни инструктури и ќе можат да вршат обука и на други пожарникари на Балканот.

– Штип треба да се гордее со тројцата меѓународни инструктури, кои што во наредниот период ќе одат да вршат обуки во Србија, Црна Гора и Бугарија, секаде каде што е застапен „Флоријан“. Значи нашите пожарникари, нашите обучени инструктури ќе одат да вршат предавање за новата опрема, што ќе ја доделува „Флоријан“, рече Патраклиски.

Стив Логан од Против пожарната единица во Јужен Велс рече дека пожарникарите во Штип се обучени и се на нивно ниво, а меѓународните инструктури треба да поминат 12 неделна обука не само за справување со пожари, туку и помагање при сообраќајна несреќи.

– Многу важен сегмент е и комуникацијата со заедницата, која од нас бара да ги научиме како да се справуваат при пожари или сообраќајни несреќи. Како што гледам и овде при зголемувањето на температурите имате зголемен ризик за појава на пожари, а такво нешто и ние имаме во Велс, вели Логан.

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев истакна дека искуствата и знаењето кои ги добиваат пожарникарите од своите колеги од Велика Британија е големо, а во изминатиот период Штип преку Доброволното противпожарно друштво „Флоријан“ од Велика Британија доби противпожарно возила и опрема во вредност од околу 250.000 евра.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ