Штипски полицајци истепале притвореник, МВР им поднесе кривични

Од:

– Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници во СВР Штип, Г.Ф., И. Х. и Б.Н., осомничени за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените неосновано и прекумерно употребиле физичка сила врз лице кое било лишено од слобода.

-Во својство на полициски службеници, на 1 септември 2023 во 21 часот, ги пречекориле границите на своите службени овластувања над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, наведува МВР.

Кривичната пријава е поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе преземе мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски