Штипски „Исар“ обезбеди нови 100 контејнери за отпад

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ обезбеди 100 нови контејнери, кои ќе бидат поставени во централно подрачје и во штипските населби. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека вкупната вредност на новите пластични контејнери е 14.000 евра.

-Овие 100 контејнери ќе бидат поставени во центарот, населбата 8 ми Ноември, улицата „Партизанска“. Значи старите контејнери кои ќе ги извадиме ќе бидат репарирани и исчистени, дезинфецирани и ќе бидат поставени таму, каде што има недостиг од контејнери, вели Бојаџиев.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев вели дека штипското комунално претпријатие „Исар“ вредно работи на терен, а благодарение на транспарентните јавни набавки претпријатие штеди и обезбедува нови контејнери, а се инвестира и во сите останати работни единици. Забележува дека покрај инвестициите во Комунална хигиена, во текот на наредните денови ќе работат и на уредување на новиот дел од градските гробишта.

-Ние тука нема да застанеме наскоро во рамките на нашите активности ќе ги уредуваме и гробиштата во Штип и најверојатно деновиве ќе почнеме и со асфалтирање на патиштата во новите гробишта во Штип, вели Захариев.

Тој додава дека граѓаните треба да се грижат и да не ги оштетуваат новите контејнери, а доколку има не фрлен отпад веднаш да се јават во ЈП „Исар“.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“