Штипски „Исар“ со нова опрема за уредување на зелените површини

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ обезбеди нова опрема за уредување на зелените површини околу станбените згради, пешачките патеки и за парковите низ населбите. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев вели дека со новата опрема екипите на работна единица „Паркови и зеленило“ ќе бидат поефикасни во своето работење.

– Набавени се четири тримери или грбни косилки и две косачки на тркала, со кои многу полесно ќе се одвиваат работите во Паркови и зеленило, односно косење по сите булевари, тревнати површини и во сите урбани заедници, вели Тасев.

Тој забележа дека средствата за набавка на потребните косачки се од сопствени извори.

– Вредноста на овие две косачки и грбни косилки, изнесува околу 200.000 денари, рече Тасев.

Ова не е прва набавка на вакви средства. Планирано е ЈП „Исар“ – Штип во наредниот период да изврши уште неколку набавки на опрема и за останатите работни единици.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип