Штипски „Исар“ инвестира во водоводната мрежа во село Криви Дол

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со изградба на главната водоводна линија во селото Криви Дол. Инвестицијата изнесува 600.000 денари.

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев информира дека екипите денеска ја поставуваат главна водоводна линија од над 1.300 метри, со што, како што рече, 50 домаќинства во ова село ќе имаат нормално водоснабдување, за разлика од претходните години кога водоводниот систем во ова село беше одржуван од самите мештани.

– Ова село имаше доста проблеми со недостиг на вода во текот на летниот период, затоа што одреден дел од населението ја наводнуваше сопствената луцерка, а водата не доаѓаше до одредени корисници. Тие сами ја одржуваа водата, имаа чести проблеми и често пукање на цевките. Ние сега го преземаме одржувањето на водоводниот систем во село Криви Дол, истакна Бојаџиев.

Тој нагласи дека досега ЈП „Исар“ има преземено за одржување четири водоводни системи во селата. Во тек е и инвестиција за подобрување на водоснабдувањето во село Врсаково.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип