А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипската ЗОО градина доби нови животни

by А1он10/09/2015 - 15:56205
Share0

Во штипска Зоолошка градина попладнево пристигнаа три елени и пони, со што се збоготува бројот на животни. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев најави дека наскоро ќе пристигнат и бамби срни како и џуџести кози.

Добивај вести на вибер

-До крајот на годината очекуваме да ги донесеме и мајмуните во ЗОО градината. Да кажам дека и влезот ќе биде уреден и ќе одржуваме максимална хигиена. Животните навистина имаат идеални услови, се припотомија, вели Захариев.
Според него ЗОО градината е најпосетуваното место за штипјани, но го посетуваат и останатите граѓани од источниот регион. Захариев најави дека Општина Штип ќе аплицира и со проект до Фондовите на ЕУ за проширување на ЗОО градината.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека досега ЗОО градината ја посетиле 15.000 граѓани, а во неа живеат над 40 видови на животни.

stip

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Катерина Ѓуровски02/09/2025 - 12:25

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:37

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Горан Наумовски24/08/2025 - 14:40

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски20/08/2025 - 10:1420/08/2025 - 10:57

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:3308/08/2025 - 13:33

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:1608/08/2025 - 13:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен