А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипската полиција расветли повеќе кражби извршени од девет лица

by А1он04/09/2017 - 14:1098
Share0

Секторот за внатрешни работи – Штип расветли седум случаи на кражби, од кои една тешка и една разбојничка кражба.

Добивај вести на вибер

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека откриени се девет лица кои се сомничат за извршување на овие кривични дела во периодот од мај до јули 2017 година. Станува збор за лица на возраст од 19 до 30 години и сите се од Штип.

– За кривичните дела до Основното јавно обвинителство против овие лица поднесени се пет кривични пријави. Пријавените во временскиот период од мај до јули оваа година на подрачјето на Полициската станица- Штип со намера да се стекнат против правна имотна корист ги извршиле наведените кривични дела и тоа со употреба на сила и погоден алат, искористиле згодна прилика отворале врати и прозорци, влегувале во магацини, дуќани, гаражи, фабрики, куќи, патнички моторни возила во Штип, вели Панајотова.

Таа истакна дека осомничените лица при кражбите одзеле текстилна роба, електрични кабли, мотори, садови за домаќинството, златни предмети, пари, мобилен телефон, при што вредноста на украдените предмети изнесува 640.000 денари.

Панјотова рече дека поголемиот дел од предметите се вратени на граѓаните, а истовремено и се апелира до граѓаните пред да излезат од своите домови да ги преземат сите мерки со цел да се заштитат од крадците.

stip

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он08/01/2026 - 15:3708/01/2026 - 15:45

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:1708/12/2025 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен