Штипската пајак служба ќе профункционира по Божиќ

Од:

Штип добива пајак служба. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров вели дека од осми јануари во функција се става пајак возилото. Екипа на ЈП Стипион“-Штип заедно со полициски службеници ќе излезат на терен и ќе собираат непрописно паркирани возила низ централното подрачје, но и низ населбите.

– Направен е целосен сервис на возилото, а исто така има и А-тест. Двајца вработени ќе работат со него – еден возач и едно лице од службата на наплата на паркинг. Тие, исто така, ги поминаа потребните обуки. Ова возило го добивме донација од Град Скопје, вели Протогеров.

Општина Штип додели и локација, каде ќе се носат возилата, кои ќе ги собере пајак службата. Станува збор за улицата „Партизанска“, локацијата е  стара картонажа, или на штипјани позната како под стариот диспанзер. Штип низ централното градско подрачје има паркинг места, кои се наплаќаат, но  досетливи граѓани наместо да плаќаат паркинг своите возила ги паркираат низ споредните улички, кои вообичаено се тесни или пак жителите на истите имаат секојдневни проблеми со паркирањето на нивните возила.

Во текот на годинава Штип ќе го зголеми и бројот на паркинг места во централното градско подрачје, со изградбата на новата платформа над коритото над река Отиња, кај Здравствениот дом. Со оваа платформа се добиваат дополнителни 45 паркинг места, а средства за нејзина изградба ќе се обезбедаат преку Програмата за рамномерен регионален развој од Бирото за рамномерен регионален развој и од буџетот на Општина Штип. Се проценува дека изградбата ќе чини околу 18 милиони денари.

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип