Штипската општина ќе обезбеди униформи за вработените во Брзата помош

Од:

Вработените во Итната медицинска помош во Штип ќе добијат униформи, донација од Општината. За оваа намена се обезбедени 200.000 денари.

Како што соопшти градоначалникот Зоран Алексов, идејата за донирање униформи е одлична, бидејќи здравствените работници од итната помош се првите кои интервенираат при која и каква било несреќа.

– Бојата на униформите допрва ќе се одредува. Началникот на Одделението веднаш ќе достави барање до Советот на Општина Штип за доделување на предвидените средства, вели Алексов.

Началникот на Итната медицинска помош при ЈЗУ „Панче Караѓозов“ Штип, Сунчица Постолова вели дека добивањето на униформите за вработените е голем гест, а исто така таа вели дека условите за работа во Брзата помош годинава се подигнати на висок степен благодарени на добивањето на четирите нови возила од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години