Штипската градинка „Астибо“ ќе ја штеди водата за пиење

Од:

Штипската детска градинка „Астибо“ преку еко проект ќе ја штеди водата за пиење во клонот „Цветови“ во населбата „8 ми Ноември“. Директорот на Јавната установа детска градинка (ЈУДГ) „Астибо Илија Митров вели дека добиле финансиски средства од околу 1.000 евра. Со овие средства ќе се гради бунар за техничка вода и ќе се набави мотор.

– Се планира и да се постави и водоводна мрежа, со која ќе се овозможи техничката вода да се користи за казанчињата поставени во детските тоалети. Истовремено со техничката вода ќе се наводнуваат и зелените површини во клонот „Цветови” во „8ми Ноември”. Искористувањето на техничката вода значително ќе ги намали сметките за вода, вели Митров.

Тој додаде дека се планира кон крајот на април или почетокот на мај, техничката вода од бунарот да биде ставена во функција.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена