Штипската болница бара вработување на околу 100 лекари и медицински кадар

Од:

Штипската Клиничка болница неколку години наназад има недостиг на кадар. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека веќе доставил барање до Министерството за здравство за вработување на 100 лекари, медицински сестри, болничари, технички и медицински кадар.

– На сите одделенија во болницата недостасуваат медицински сестри и болничари, побаравме од министерството вработување на 26 лекари, а додека остантите до 100 се медицински сестри, болничари и друг технички кадар, вели Ѓеорѓијев.

Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица. Инаку штипската Клиничка болница дава здравствени услуги на потенцијални околу 200.000 пациенти од источниот и југоисточниот регион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски