Штипска Клиничка болница ќе бара европски пари за реконструкција на Инфективното одделение

Од:

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) и Клиничка болница-Штип ќе бараат европски пари за реконструкција и адаптација на зградата на регионалното Инфективно одделение. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека Клиничка болница-Штип со овој проект ќе аплицираат на вториот повик од Програмата за Меѓугранична соработка со Бугарија, кој се очекува да биде објавен кон крајот на следниот месец.

– Оваа зграда нема да биде во рамките на новата Клиничка болница, која што се гради. Тоа одделение останува надвор од неа и би било добро ние како Центар заедно со Клиничката болница да успееме да изработиме квалитетна апликација и ја поднесеме до Програмата за Меѓугранична соработка, вели Здравева.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски