Штипјанки ги делат низ Центар клеветничките флаери

Од:

Низ Центарот на Скопје партиски членови ги делат флаерите од црната кампања кои ја клеветат опозицијата дека заговара федерализација. Во реонот околу главниот плоштад денеска можеа да се забележат две девојки со флаери и постери во рацете.

Девојките велат дека се од Штип и дека флаерите им ги дале од партија. Избегаа пред да ни одговорат дали од партијата ги плаќаат за ваквата активност.

12278621_10205224544357460_2462259757111152900_n

ВМРО-ДПМНЕ деновиве интензивно обвинува трети лица дека заговараат федерализација и предавство на државните интереси. Всушност Владата предводена од оваа партија побарала извештај за примена на Охрискиот рамковен договор кој предлага негова ревизија која би навлегла во територијалниот интегритет на земјата. Извештајот е изработен од невладина организација со која управува експертот Питер Фејт и ја чинел државата 200.000 евра.

Во црната кампања, освен опозицијата, се наклеветени и стигматизирани професорот Љубомир Фрчковски и новинарот Бранко Геровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина