Штипјанка му збила нож во глава на невенчаниот сопруг

Од:

Четириесет и петгодишна штипјанка, ноќеска два часа по полноќ, во текот на расправија со невенчаниот сопруг му забила нож во главата.

Како што соопшти полицијата, во семејна куќа на улицата „Косовска“ во Штип ноќеска два часа по полноќ настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45). Во еден момент Џ.С. зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото. Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде што со хирушка интервенција му бил изваден ножот и се наоѓа вон животна опасност. Џ.С. била приведена и задржана во Полициската станица Штип.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски