Штипјани со повеќе предлози на втората сесија „Форум во заедниците“

Од:

Во Штип денеска се одржа втората сесија во рамки на „Форумот во заедниците“, на која учествуваа над стотина граѓани кои посочија на проблеми и понудија предлози за нивно решавање.

Весна Коловска, комодератор на форумските сесии, рече дека како клучни за реашавње биле посочени азбестните покриви во сите основни училишта, потребата за санација на покривот од гимназијата „Славчо Стојменски“ и реконструкција на спортските сали во училиштата „Коле Нехтенин“ и „Тошо Арсов“.

– Една од групите предложи замена на синтелонот во двете штипски градинки со ламинатни подови и набавка на мултифункционална печка за подготовка на здрава храна за децата во градинката „Астибо“. Имаше и предлог за адаптирање на старата кујна од подрачното училиште во населбата Македонка во простор за предучилишно згрижување на децата од населбите Чардаклија, Балканска, Македонка и Железничка. Граѓаните предложија и изградба на трим-патека покрај река Брегалница за реализација на часовите во природа, како и реконструкција на дел од Домот на младите и приспособување на неколку простории за Центар за неформално образование. Како препораки до општината ќе се достават предлозите за изградба на еден кат на градинката во Ново Село за настава на децата од оваа населба и доградба во училиштето „Коле Нехтенин“ за да се смести текстилното училиште, рече Коловска.

На крајот на август работните групи составени од граѓаните кои присуствуваа на форумот ќе направат анализа на терен за да се види кои од предлозите ќе бидат одржливи и ќе се вклопат во буџетот од 4,8 милиони денари.

Форумот во заедницата го организираше општина Штип, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, Програмата „Форуми во заедницата“ и Центарот за институционален развој ЦИРа.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

A1on

Посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки за време на Преспа форум за дијалог во Струга

Форум за зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан

Ана Ололовска

Македонско-италијански бизнис форум 2019

Ана Ололовска

Иновативно решение од Македонија меѓу 50-те најдобри старт-ап бизниси на Форум во Истанбул