Штипјани избираат проект за рационално искористување на водните ресурси на река Брегалница

Од:

Денеска во просториите на Општина Штип се одржа првата форумска сесија на којa штипјани имаа можност да ги претстават своите идеи за мали инфрастуктурни проекти со кој Општина Штип би се вклучила во „Проектот за управување со речниот слив на Брегалница“.

Проектот за управување со речниот слив на Брегалница беше презентиран во октомври минатата година, а  има цел спроведување на Законот за води во Република Македонија преку што би се постигнало рационално искористување на водните ресурси, одржување на квалитетот на водата и санитарните услови.

За овој проектсе обезбедени 40 милиони франци од швајцарската Влада,а во него се вклучени и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и 14 општини.

Општините од Источнопланскиот регион,  како и Свети Николе, Лозово и Конче, кои гравитираат околу сливот на реката Брегалница, преку форумските сесии што се организирани по принципот на веќе спроведените форуми од програмата Форуми заедницатаќе изберат проект со кои ќе аплицираат за добивање на средства од Швајцарската влада.

На втората сесија,  граѓаните што зеле учество во форумите ќе имаат можност преку гласање да  го одберат проектотшто нуди најдобро решение за проблемите поврзани со сливот на река Брегалница.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица