А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипјанец платил за убиство на синот на роднина со кој имал долгогодишен имотно-правен спор

by А1он12/09/2013 - 17:01180
Share0

Штипјанецот Д.И. (28), кој на 17 јули беше пронајден претепан и во бесознание на само неколку метри од неговиот дом, бил жртва на платено убиство нарачано од неговиот чичко.
Полициската истрага покажала дека критичната ноќ, на 17 јули, Г.Д. (27) од Штип го пречекал Д.И. пред гаражата од неговата семејна куќа лоцирана на ул „25 мај„ во Штип со намера да го лиши од живо, а за тоа да добие паричен надоместок од П.В. (62), исто така од Штип.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од зад грб, со тврд предмет, го удрил во пределот на главата, а кога Д.И. се обидел да избега, го стигнал, го турнал на земјата и продолжил со ударите по главата, по телото и по нозете, сè додека не бил прекинат од реакцијата на околните соседи, кои вознемирни и исплашени од настанот излегле на терасите од своите куќи.

Според истрагата, најверојатно мотивот за нарачаното убиство се нерасчитените имотно-правни односи што ги имале таткото на жртвата и П.В.

Поради тежината на повредите, младиот Д.И. беше пренесен на лекување во Државната болница во Скопје.

Следете a1on на Youtube YouTube

Врз основа на сознанијата од истрагата, СВР Штип денес поднесе кривична пријава против Г.Д., како првообвинет ,за кривично дело „убиство во обид поради користољубие“ и П.В., како второобвинет, за делото „потикнување на вршење на кривично дело убиство“.

Првобвинетиот е во бегство, додека, пак, на второобвинетиот веќе му е изречена мерка 30-дневен притвор од страна на истражниот судија.

М.Р.

stip

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 12:46

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он04/07/2026 - 20:0904/07/2026 - 20:10

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:32

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:2018/06/2026 - 14:20

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски12/06/2026 - 14:1612/06/2026 - 14:18

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски11/06/2026 - 08:2511/06/2026 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео