Штип учествуваше на третата конференција од проектот „Обединета Европа“

Од:

Делегација на Општина Штип предводена од градоначалникот на Општината, Благој Бочварски од 9 до 13 Октомври присуствуваше на третата конференција на проектот „Обединетите градови“ во Сетубал, Португалија.

Координаторот на проектот, Драган Ристов на денешната прес-конференција рече дека како тема на конференцијата им била „Миграцијата и социјалната инклузија на малцинствата“. На конференцијата Општина Штип имала видео презентација на проектите, кои ги спроведува, а кои се насочени, кон подобрување на животот на малцинските групи и на социјално ранливите категории.

-Мислам дека одлично се претставивме, имајќи во превид дека ова е веќе трета средба. Она што беше дадено како домашна задача беше завршено, при што беа емитувани две репортажи за мигрантите во Македонија и Штип но и за помошта која ја даваме како општина на социјално ранливите категроии , вели Ристов.

Тој информираше дека и штипскиот градоначалник, Бочварски имал и свое обраќање и повеќе мултилатерани средби со останати градоначалници, кои се вклучени во проектот, како и со домаќинот, Марија дас Дорес Меира, градоначалничка на Сетубал.

Општина Штип стана дел од проектот „Обновена Еропа“ во ноември минатата година, при што согласно проектот, предвидени се седум средби во секој од седумте градови кои влегуваат во заедницата на „Обединети градови“. Првата средба се оддржа во април лани во Аксаково во Бугарија, кој е носител на проектот, потоа во јуни се оддржа втората конференција во Штип на тема „Евроскептицизам“ а ова е третата средба од проектот. Следната средба ќе се оддржи во април 2019 година во Озаров Мазовјетски во Полска. Проектот е финансиран преку фондовите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип