Штип од утре домаќин на меѓународна конференција „Европа и евроскептицизмот“

Од:

Штип од утре е домаќин на меѓународна конференција на тема „Европа и евроскептицизмот“, а во рамките на тригодишниот проект „Обновена Европа“.

Драган Ристов вработен во Општина Штип вели дека 24 преставници од Италија, Шпанија, Португалија, Полска, Романија и Бугарија, како и од Штип ќе дебартираат за она што позитивно го носи унијата за развојот на една земја.

– Значи централна тема е размената на искуства во поглед на европските настани, значи она што што е позитивно во секоја од овие земји од Унијата, а со централно предавање на амбасадорот на Република Словенија. Тоа е наша главна тема и втората, која се однесува на евроскептицизмот, вели Ристов.

Меѓународната конференција, која е во организација на Општина Штип почнува утре во 10 часот, а ќе се одвива два дена. Делегациите од земјите учеснички во конференцијата ќе бидат предводени и од шест градоначалници од земјите кои доаѓаат. Конференцијата ќе се одржи во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“, кој е изграден со европски пари.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“