Штип ќе се збратими со српската општина Параќин

Од:

Штип и српскиот град Параќин ќе се збратимат. За ова денеска во Штип разговараа штипскиот градоначалник Илчо Захариев и претседателот на општина Параќин Саша Пауновиќ.

Градоначалникот Захариев информира дека подолго време се одвиваат разговорите за збратимување, а денешната е и прва официјална посета и средба со градоначалникот на Параќин и неговата делегација.

– Најдовме можности за соработка на повеќе полиња, најнапред на економски план, на образовен, културен и спортски. Параќин е град со долга традиција, со одлична индустрија и мислам дека таа соработка би била корисна за граѓаните на Штип, но и за граѓаните на Параќин, рече Захариев.

Претседателот на општина Параќин Саша Пауновиќ истакна дека двете општини, а и двете држави ги поврзуваат заедничката историја и културата.

– Очекувам дека соработката ќе биде успешна и наскоро да го потпишеме документот за збратимување. Следи процедура која е согласно законите на двете земји. Ќе соработуваме на сите полиња, меѓу кои економија, култура, образование и спорт. На поврзување на луѓето, а за нас се важни младите, да се видат и запознаат, рече Пауновиќ. Додаде дека општина Параќин има околу 54.000 жители, од кои 25.000 живеат во градот, а останатите во развиените села. Оваа општина има развиено земјоделство, за што и овозможуваат и природните ресурси, но има и индустрија.

Српската делегација од Параќин денеска ги посети културно-историските споменици, но и фабрики кои се во индустриските зони во Штип. Првата соработка меѓу Штип и Параќин се очекува да биде на културен план.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена