Штип ќе се спаси од штетните глодари

Од:

По речиси 20 години во Штип деновиве ќе се спроведе превентивна дератизација. Според надлежните во Општината, одлуката за спроведување на дератизацијата е донесена со цел превентивно да се дејствува и на тој начин да се спречи зголемувањето на бројот на глодари, а со тоа да се заштити населението од заразните болести што ги пренесуваат овие штетници.

Најповолниот изведувач е избран преку јавен тендер, кој беше распишан на 29 јули. Со дератизацијата ќе бидат опфатени 86 шахти низ градот, како и на излезната шахта на колекторскиот систем, кој се слева во река Брегалница, а постапката ќе се повтори двапати.
Според најавите од Општината, дератизацијата треба да се спроведе на 21 септември (сабота), во периодот од 4 до 7 часот наутро.

Според информациите со кои располага Центарот за јавно здравје во Штип, последната системска дератизација во Штип е спроведена во далечната 1995 година.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена