• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Штип ќе добие велосипедска патека

by А1он14/06/2017 - 14:21114
Share0

Општина Штип ќе биде дел од проектот за локална и регионална конкурентност со проект од областа на туризмот кој носи наслов „Планински велосипедски рај“, информираше на денешната прес-конференција Драган Ристов портпарол на Општина Штип. Тој истакна дека одлуката за општината да учествува во овој проект веќе од денеска е доставена на разгледување и усвојување на комисиите на Советот на Општина Штип.

Добивај вести на вибер

– Носител на проектот е Центарот за развој на Источно планскиот регион, а партнери се општините Штип и Кочани. Станува збор за конструкција на велосипедски патеки, неколку на Осоговските планини во должина од 35 километри и една патека од Штип до античкиот локалитет Баргала во должина од 6,5 километри. Општина Штип ќе учествува во проектот со средства во висина од околу 50.000 евра или 3.9 отсто од вкупната вредност на проектот која изнесува 1,2 милиони евра, рече Ристов.

Тој истакна дека секоја патека ќе има фокус на биодиверзитетот, на планинскиот водопад во близина на браната Гратче и на историското минато во Штип, пред се на локалитетот „Баргала“. Со проектот е предвидено издавање на водич за велосипедизам од 50 страници и во тираж од 5.000 примероци, потоа изготвување на апликација за мобилни телефони и развивање на дата база за велосипедски локации.

stip

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он08/01/2026 - 15:3708/01/2026 - 15:45

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:1708/12/2025 - 15:07

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски03/12/2025 - 13:5703/12/2025 - 13:58

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен