Штип ја одбележа годишнината од смртта на генерал Михајло Апостолски

Од:

Со пригоден говор и положување нсвежо цвеќе пред бистата, штипскиот огранок на Сојузот на борците од НОБ ја одбележа 26-годишнината од смртта на народниот херој генерал Михајло Апостолски.

„На денешен ден пред 26 години згасна животот на генерал Михајло Апостолски. Генералот Апостолски е легендарна личност со која се поврзани и сите историски моменти од народното ослободување, па сè до неговата смрт, бидејќи тој извршувал најразлични функции. Како генерал и како врховен командант на генералштабот на Македонската армија, тој ги водел партизаните низ многу битки, а највозвишено е неговото дејствување за време на февруарскиот поход, кое е опеано и во голем број епопеи“, изјави претседателот на штипскиот огранок на Сојузот на борците од НОБ, Трендафил Атанасовски.

sl 2

На свеченоста присуствуваше и делегација од Општина Штип, предводена од градоначалникот Илчо Захариев, како и претставници на двете најголеми политички партии.

Генерал Михајло Апостолски е роден во Ново Село, Штипско 1906 година. Тој е командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија за време на Втората светска војна и претседател на МАНУ во два мандата.

sl 1

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена