Штип го реализираше планот за дезинскеција и дератизација за 2017 година

Од:

На територијата на општина Штип утре ќе спроведе дезинсекција со цел уништување на комарците. Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција рече дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 00 до 06 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети. Третирањето ќе се изведува со препаратот Aqua K-othrine 2 EW со активна супстанца Deltamethrine и со препаратот К-stop со активна материја Bacillus thuringiensis ssp.israelensis течен ларвицид, вели Ристов.

Тој истакна дека со утрешната акција исполнет е планот за дезинсекција и дератизација согласно Акцискиот план од програмата за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Штип за 2017 година.

– Успешно се спроведени пет ларвицидни дезинсекции и тоа во април, мај, јуни, јули и утрешната, потоа пет адултицидни дезинсекција, во мај, јуни, јули, август и последната која ќе биде во септември, а според планот имаме и две дератизации од кои едната беше спроведена во мај и останува уште една во септември, рече Ристов.

Општина Штип дезинсекцијата и дератизацијата ја чинат 350.000 денари, што е третина од предвидинети еден милион денари, кои општината ги планираше во буџетот, но Ристов забележува бидејќи на аукцијата имаше значително намалување на цената тоа приодонесе да се заштедат поголем дел од средствата предвидени по овој основ.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена