Штип го одбележува Денот на ослободувањето

Од:

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип денеска свечено се отвори новиот плоштад во селото Лесковица. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека во оваа село во текот на годинава се асфалтираа улиците, а сега 139 те жители добија и плоштад и реконструирана чешма.

– Со помош на Бирото за регионален развој и со средства од општината го реализиравме овој проект, кој чини околу 200.000 денари. Пред 120 години во оваа село учителствувал Гоце Делчев, во 60 тите и 70 тите години овде живееле 800 жители, со ваквите проекти се овозможува на граѓаните кои потекнуваат од ова село да се вратат повторно, вели Захариев.

Тој додаде дека во неговиот мандат сите села ќе добијат асфалтирани патишта, но жителите треба да бидат трпеливи. Неколку села во штипскиот регион веќе добија асфалтирани патишта, а за наредниот период планирано е до шест села да се изгради патна инфраструктура.

Во рамките на одбележувањето на Денот на градот денеска штипјани добија и голема шаховска табла и фигури на отворено, кои се наоѓаат во штипско Ново село на новата пешачка патека. Захариев вели дека штипјани ја користат патеката, но исто така очекува и младите и пензионерите да го користат шахот на отворено. Вакви шаховски табли се очекува да бидат направени и во неколку населби во Штиш.

По повод Денот на ослободувањето 8 ми Ноември на градот Штип, вечерва ќе се одржи традиционалната ноќна трка, а утре е Свечената седница на Советот на Општина Штип, на која традиционално се доделува Осмо Ноемриско признание на личности, фирми и институции кои дале придонес за градот.

Би можело да ве интересира

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он

Недели не делат од убава вест за доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, најави премиерот

Пијан штипјанец предизвикал сообраќајка, а немал положено за возачка

Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани

По трагедија во Кочани: Штипјани рекоа „Доста е“

Протест во Штип: Сите да ја добијат својата казна